7.8 C
Skopje
недела, 7 декември 2025

Араухо ја врати Барселона на победничките патеки, Флик нема да биде на клупата против Реал Мадрид (Видео)

Барселона по поразите од ПСЖ во Лигата на шампионите и дебаклот против Севиља во Ла Лига, им се врати на победите и тоа пред се благодарение на Роналд Араухо кој погоди за победа од 2-1 над Жирона во 93-тата минута.

Сепак, Барселона ќе биде без Ханси Флик на клупата на Ел Класико против Реал Мадрид следниот викенд, откако германскиот тренер беше исклучен во 90-тата минута.

Мечот против Жирона започна одлично за „каталонците“, па Педри уште во 13-тата минута донесе водство од 1-0.

Сепак, Вицел во 20-тата минута израмни на 1-1, па Барселона и со 30-тина удари кон противничкиот гол не успеваше да дојде до победата се до 93-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести