Араухо опериран, на терен се враќа во декември

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Роналд Араухо, денеска бил опериран во Финска, а иако Каталонците не објавија точно колку време ќе паузира Уругваецот, лекари прогнозираат дека треба да поминат четири месеци пред тој повторно да заигра.

Стануваше збор за повреда на феморален бицепс на тетивата на десната нога здобиена на Копа Америка, каде што Араухо играше за својата репрезентација.

Лошата среќа на Араухо со повреди почнува да ги загрижува во Барса. Неговиот последен натпревар во дресот на Барселона беше на 4 мај против Жирона, кога Барса загуби со 2-4. Од тој пораз, централниот бек повеќе не стапнал на теренот, па ако се врати во декември, значи дека би имал пауза од шест месеци.

- Оглас -

Најнови вести