Араухо организираше вечера за соиграчите, се појави и специјален гостин (Фото+Видео)

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, организираше вечера и дружење со соиграчите и членовите на стручниот штаб во еден ресторан во главниот град на Каталонија. На дружбата се појавија речиси сите поканети, со исклучок на Јамал, Рашфорд и Кунде, кои од претходно имале планирани обврски.

Сепак, на вечерата се појави и еден „натрапник“. Тоа беше германскиот голман Марк-Андре тер Штеген, кој во потрага по минутажа беше позајмен во Жирона, но доживеа повреда, па неговото присуство беше протолкувано како знак на поддршка. Германецот пред да си замине беше капитен на Барселона, па Араухо очигледно не го заборавил неговиот придонес не само на теренот, туку и во соблекувалната на Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести