Вториот капитен на Барселона, Роналд Араухо, би можело изненадувачки да го напушти клубот поради сериозни проблеми со менталното здравје, објави „Кадена коп“. Дваесет и шестгодишниот дефанзивец веќе некое време е во пад на формата, а неодамна доби одмор иако не беше повреден.
Според медиумите во Шпанија, Уругваецот западнал во депресивна состојба по црвениот картон што го доби на гостувањето кај Челзи (0-3) во Лигата на шампионите на 25 ноември. Од клубот му дадоа неограничено време за пауза со цел да се стабилизира и да се справи со ситуацијата.
Но, информациите од Шпанија велат дека проблемите се многу посериозни од првичните проценки и дека постои реална можност Араухо веќе да не заигра повторно за Барселона.
Уругваецот има важечки договор со каталонскиот клуб до летото 2031 година, но во моментов никој не се осмелува да прогнозира како ќе се развива неговата иднина.

