Арбелоа: Го покажавме менталитетот на Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, беше многу задоволен по победата од 3-2 над Атлетико Мадрид, со која тимот ги задржа шансите во трката за титулата во Ла Лига.

„Задоволен сум, го направивме тоа што требаше, го добивме натпреварот. Направивме уште еден чекор напред и продолжуваме со борбата“, изјави Арбелоа.

„Тимот е во добра форма. Натпреварот воопшто не беше лесен, противникот ни создаде сериозни проблеми. Моравме да покажеме силен карактер. Тие повторно израмнија, а ние моравме пак да притиснеме, токму тоа најмногу ми се допадна, менталитетот на овој тим“, истакна поранешниот дефанзивец.

„Тешко е да се разбере одлуката за црвениот картон на Федерико Валверде. Благодарен сум што судијата дојде до аут-линијата и ми објасни. Понекогаш во динамиката на играта работите изгледаат на еден начин, а кога повторно ќе ги погледнете, мислењето може да се промени. Но, тоа беа 15 минути вистински тимски дух и заемна поддршка. Се браневме на границата на можностите и на крајот сè заврши добро“, додаде Арбелоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести