Арбелоа: „Имаме девет финалиња до крајот, првото е против Мајорка“

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, ја одржа својата редовна прес-конференција пред гостувањето кај Мајорка и истакна задоволство од фактот дека сите фудбалери се вратиле здрави по репрезентативните настапи.

„За среќа, сите репрезентативци се вратија здрави. Тоа ни беше приоритет. Оваа пауза беше многу позитивна бидејќи повеќето добија минути. Сега сме фокусирани на утрешниот натпревар затоа што и Мајорка има потреба од бодови исто како и ние. Подготвени сме, иако никогаш не е лесно да се игра на гости по пауза. Ни остануваат девет ‘финалиња’, а утре е првото“, изјави младиот стратег.

Во врска со составот, тој додаде:

„Ќе излеземе со најсилниот тим за да победиме. Имаме три натпревари во шест дена и нема простор за грешки. Утре ќе настапиме со најдоброто што го имаме, но ќе ни требаат сите играчи. Кога станува збор за Мбапе – тој е максимално посветен и точно знае што барам од него и од Винисиус Жуниор. Напаѓачите природно бранат помалку од дефанзивците, но од сите бараме максимална ангажираност.“

- Оглас -

Најнови вести