Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, најави дека Винисиус Јуниор би можел да биде на клупата за резерви за денешниот натпревар против Мајорка на гостински терен. Винисиус не е повреден, но Арбелоа верува дека напаѓаќот е многу заморен поради напорните репрезентативни обврски.
Бразилскиот напаѓач кој сезонава е клучен играч во офанзивниот дел на Реал, одигра два натпревари со висок интензитет за својата репрезентација против Франција и Хрватска. Иако се појавија шпекулации за можен проблем со бутот, Арбелоа брзо разјасни дека Винисиус нема повреда, туку се работи за можно поштеда на фудбалерот посебно ако се знае дека во клучниот дел од сезоната, распоредот може да биде пеколен.
„Тој е уморен, како што се очекуваше. Имаше два многу напорни натпревари. Не мислам дека имал ниту еден слободен ден од почетокот на 2026 година“, објасни Арбелоа.
Реал Мадрид е во трка за титулата во шпанското првенство. По 29 одиграни кола, Реал е втор со 69 бодови, четири помалку од лидерот Барселона.

