4.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Арбелоа: „Нема титула која ќе ме направи повеќе горд од натпреварот во Лисабон“

Реал Мадрид во сабота гостува кај Осасуна во меч од Ла Лига, но неизбежна тема на официјалната прес-конференција беа случувањата во Лисабон и наводните расистички навреди упати од фудбалерот на Бенфика кон Винисиус.

„Ако Вини кажеше дека повеќе нема да игра, сите ќе тргневме по него. Нема титула што би ме направила толку горд колку што бев во вторникот, кога сите видоа што значи поддршка. Важно е да се бориме против тоа што се случи во Лисабон. Тоа е неприфатливо, нема да го толерираме. Вини е тажен, и останатите исто така. Многу сме огорчени од овој расистички чин, кој никогаш повеќе не сакаме да го видиме. Не можам да замислам низ што поминува. Сум добивал навреди, но никогаш за бојата на кожата. Откако ја презедов функцијата, Винисиус е сензационален. Решава натпревари, постигнува фантастични голови. Тој е човек кој не се плаши од ништо, бестрашен е. Способен е да ги остави сите непријатности зад себе и да го одигра следниот меч со максимален професионализам.“ – рече Арбелоа.

- Оглас -

Најнови вести