0.8 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Арбелоа: „Одговорноста за неуспехот е моја, јас го одбрав составот“

Реал Мадрид доживеа шокантна елиминација во осминафиналето од Купот на Шпанија од второлигашот Албасете со гол во 94-тата минута. Новиот тренер на Кралевите, Алваро Арбелоа, дебитираше со пораз, но иако имаше неколку повредени фудбалери, сепак се реши да одмори неколку ѕвезди, а на крајот тоа го чинеше и сензационален пораз.

„Ги разбирам оние што овој пораз го нарекуваат неуспех. Неуспесите се дел од патот кон успехот и уште пред натпреварот реков дека не се плашам од нив. Тие ќе ми помогнат да се усовршам. Во животот сум доживеал многу неуспеси и имало и поболни елиминации од оваа. Ако некој носи одговорност, тоа сум јас затоа што јас бев тој што го избра составот, стилот на играта и измените. Бев убеден дека тоа е вистинскиот состав. Имам многу талентиран тим, но не е лесно играчите уште следниот ден да почнат да го прават тоа што го барам од нив. Винисиус сакаше да биде на теренот и да го одигра целиот натпревар по огромните напори што ги вложи минатата недела против Барселона. Тој беше подготвен да му помогне на тимот, да преземе сè врз себе, да трча насекаде и да не се крие. Таков треба да биде Винисиус – некој што не се плаши, што презема одговорност и не ја губи присебноста. Ќе има свои светли и темни денови, но гледам дека е посветен на својата работа и дека тој е капитенот. Убеден сум дека ќе ни донесе уште многу прекрасни вечери, но ни е потребна неговата најдобра верзија за Реал Мадрид да освојува трофеи“, рече Арбелоа по поразот од Албасете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести