2.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Арбелоа: „Ова беше победа со срце и душа“

Реал Мадрид многу потешко од очекуваното дојде до победата над Рајо Ваљекано, со пенал во 100-тата минута од мечот. По натпреварот, Арбелоа рече дека ова било победа со срце и душа, но воопшто не го спомена пеналот за победа.

„Ова беше победа родена од срце и душа. Бевме инспирирани од публиката на ‘Бернабеу’, која ни помогна да ја оствариме. Сега треба да ја надградиме самодовербата од овие победи. Откако сум тренер, имавме повеќе натпревари отколку тренинзи… Ми недостигаат тренинзите, како тренер за да можам да се унапредувам и индивидуално и колективно. За да победиш, мора да направиш многу работи и да ги направиш добро. Само една работа не е доволна. Тоа што го барав од моите играчи е токму тоа што го гледам: посветеност, однос. Но, мора да разбереме дека само квалитетот тука не е доволен, конзистентноста е клучна. И ќе работиме за да ја постигнеме. Затоа што ова е Реал Мадрид и за да го победиме Рајо Ваљекано, мора да направиме повеќе од останатите екипи во Ла Лига“, рече тренерот на Кралевите.

- Оглас -

Најнови вести