1.8 C
Skopje
недела, 22 февруари 2026

Арбелоа по поразот од Осасуна: „Ова не беше добар натпревар, но првенството е долго“

Реал Мадрид доживеа вистински шок во Памплона и загуби од Осасуна со 2-1, па Барселона сега има шанса со победа над Леванте да се врати на лидерската позиција во Ла Лига. Тренерот на „кралевите“, Аваро Арбелоа, признава дека неговата екипа одиграла лош натпревар, но алиби бара во густиот распоред. Сепак, не ја губи надежта и вели дека првенството е долго.

„Не одигравме добар натпревар. Можеме многу повеќе, можеме да играме многу подобро. Не е лесно да се игра сред недела, па повторно за викенд, но тоа се барањата – ова е Реал Мадрид. Знаевме колку ќе биде тешко овде. Никој не сака да губи, секако, но сезоната е долга. Има уште многу да се игра. Во првото полувреме имавме прилична контрола, но ни недостигаше брзина во играта – мораме многу побрзо да ја движиме топката. Мора да продолжиме да работиме, треба да ги отвораме противниците по крилата. Играме многу по левата страна, но мора да го правиме тоа и на другата, инаку сме премногу лесни за бранење.“ – рече Арбелоа.

Осасуна двата гола ги постигна со асистенција на ВАР-системот, кој овој пат не му беше наклонет на Реал Мадрид. Најпрво ВАР реагираше за пеналот над Анте Будимир, откако судијата му покажа жолт картон за глума, а потоа го поништи и голот на Раул Гарсија поради офсајд, но и тука ВАР-от ја промени одлуката на судиите.

- Оглас -

Најнови вести