4.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Арбелоа по триумфот на „Местаља“: „Само Килијан Мбапе може да го надмине Кристијано Роналдо“

Реал Мадрид со големи три бода се враќа од тешкото гостување кај Валенсија, па нормално е победничкото расположение во таборот на Кралевите. Привремениот тренер Алваро Арбелоа не го криеше задоволството по победата до која дојдоа со два гола во второто полувреме.

„Долги години доаѓав на ‘Местаља’ како играч и го знам предизвикот што го претставува овој стадион. За навивачите и за играчите ова е важен натпревар кога Мадрид доаѓа да игра. Бев свесен дека против одбранбена линија со петмина мораше да бидеме многу трпеливи и да работиме напорно. Победата дојде благодарение на цврстина, посветеност и сериозност. Мислам дека заслужено победивме“, рече Арбелоа.

За тренерот на Реал Мадрид нема дилеми кој е најдобриот фудбалер моментално во светот и единствениот кој може да го надмине Кристијано Роналдо.

„Огромна среќа за Реал Мадрид е што Килијан е дел од нашиот тим затоа што во моментов тој е најдобриот играч на светот и тоа го докажува од ден на ден, од натпревар на натпревар. До неодамна, достигнувањата на Кристијано Роналдо изгледаа како нешто што никој не може да го достигне. Мбапе сè уште има долг пат пред себе бидејќи Кристијано беше тука многу години, но ги има сите предуслови да тргне по неговите стапки и допрва ќе видиме дали може да го надмине. Но, ако некој може да го направи тоа, тогаш тоа е Килијан“, вели тренерот на Реал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести