Арбелоа презеде одговорност: „Ова е мој пораз, целосно само мој!“

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, ја презеде целосната одговорност за поразот од Мајорка (1:2), признавајќи дека тимот не го покажал потребното ниво и концентрација, особено во второто полувреме.

Тој нагласи дека целта останува иста – да се добијат сите преостанати осум натпревари до крајот на сезоната, и ги повика играчите целосно да се фокусираат на следниот дуел против Баерн Минхен.

„Сега освојувањето на првенството стана потешко отколку пред почетокот на натпреварот. Ни остануваат уште осум натпревари и, како што им кажав на играчите, без разлика на ситуацијата, нашата цел е да ги добиеме сите. За да го постигнеме тоа, мора да играме подобро од денес и да покажеме многу повисоко ниво. Сè е потешко, но целта мора да остане иста“, изјави Арбелоа.

Тој жали што падот на концентрацијата ја чинел екипата скап гол.

„Во натпревар во кој бевме подобри, падот на концентрација нè чинеше гол. Кога не си доволно смирен пред голот, а противникот е, тогаш плаќаш цена. Најболно е што во второто полувреме не бевме подобри.“

На крајот, Арбелоа повторно ја презеде вината врз себе.

„Ова е мој пораз, целосно и само мој. Одлуките ги носам јас и одговорноста е моја. Сакам играчите веќе да мислат на натпреварот во вторник. Кога ќе излезат од соблекувалната, треба да мислат само на Баерн“, заврши тренерот на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести