Арбелоа: Реал Мадрид мора повеќе да си ја цени својата академија со млади играчи

Реал Мадрид вчера прослави точно 124 години од формирање на клубот, а не можеше да има подобар подарок од тоа што победи на гости кај Селта Виго со 2:1. Кралскиот клуб до победата стигна до гол во 90+3 минута, па со овие три бода дојде само на еден бод зад лидерот Барселона.

Тренерот на Реал, Алваро Арбелоа имаше многу проблеми со повредени и суспендирани играчи, но успеа да состави тим и тактика со која ја оствари зацртаната цел.

„Да победиме, тоа е она за кое игра Реал Мадрид. Тоа го посакувавме и против Селта и го остваривме. нема подобар начин да се прослави 124 години историја на најдобриот клуб во свет. Тоа е Реал Мадрид, се бори за секоја топка. На овој дуел влеговме со многу проблеми и ни недостасуваа многу играчи, но ова е Реал Мадрид и покажавме што значи победнички карактер. Има уште мнгоу до крајот на првенството, уште 33 бодови се во игра да се освојат“, задоволно коемнтираше Арбелоа.

Тренерот посебно беше задоволен од помладите играчи како се снајдоа на овој тежок дуел.

„Имаме академија која мора да ја цениме повеќе. Најдобрите фудбалери од цел свет доаѓаат тука, но имаме и врвни млади играчи кои покажаа дека знаат да одиграат на вистинско ниво“, додаде Арбелоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести