2.8 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Арбелоа знае која е тајната за Реал Мадрид да се врати на победите

Не почна добро новата 2026 година за Реал Мадрид. Кралевите загубија во финалето од Суперкупот, и тоа од вечниот ривал Барселона со 3:2, а сметката ја плати тренерот Чаби Алонсо кој доби отказ.

По разочарувањето во Суперкупот, на тренерската позиција беше назначен уште еден некогашен фудбалер на Реал, Алваро Арбелоа. И на Арбелоа не му тргна како што посакуваше. Во првиот меч како предводник на Кралевите, Арбелоа го водеше Реал до пораз на гости кај второлигашот Албасете со 3:2, што значеше и елиминација од Купот.

Арбелоа веднаш го навлече гневот од навивачите, но тој бара нивна поддршка. Реал Мадрид попладнево од 14 часот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе игра против Леванте, меч кој Кралевите едноставно мора да го добијат.

„Имам голема почит за тоа што мислат навивачите кои се на трибините на „Сантијаго Бернабеу“. Разбирам дека навивачите на Реал се повредени и разочарани од нашата игра, но ќе побарам да добиеме поддршка од нив. Во 123-годишната историја на Реал Мадрид, титулите била освојувани само кога навиваите од трибините давале целосна поддршка на фудбалерите кои се на теренот. Затоа ние бараме од навивачите да бидат покрај нас“, рече Арбелоа.

- Оглас -

Најнови вести