Арби Воша ја засили Струга Трим Лум

Македонскиот првак Струга Трим Лум доведе уште едно квалитетно засилување. За шампионот потпиша Арби Воша, 22-годишниот крилен напаѓач на Шкупи кој во наредните три години ќе го носи дресот на Струга ТЛ.

„Арби Воша е играч со исклучителни вештини. Брз, прецизен и пред сѐ играч кој има визија. Присуството на Арби Воша во тимот ќе биде многу важно за нас во наредните години. Среќни сме што успеавме да го ангажираме овој играч, бидејќи веруваме дека тој ќе биде важен фактор во исполнувањето на нашите амбициозни цели“, изјави спортскиот директор на клубот, Бесарт Исаку.

Минатата сезона Арби Воша постигна шест гола и имаше четири асистенции во Првата лига.

- Оглас -

Најнови вести