Арбитрите на удар – Куман во судијата Стилер го бараше виновникот за поразот од Јувентус

Барселона го загуби првото место во групата Г по поразот од 0-3 од Јувентус на „Камп ноу“, во кој Бјанконерите до победата дојдоа со двата реализирани пенали на Кристијано Роналдо, но и одличниот погодок на Мекени.

Тренерот на Каталонците, Роналд Куман, виновникот за поразот го бараше во германскиот арбитер Тобајас Стилер за доделувањето на двата пенали за гостите.

„Натпреварот го загубивме во првите триесетина минути бидејќи почнавме многу лошо, особено во одбраната. Ни недостасуваше агресивност во средината, а Јувентус во мечот влезе со многу самодоверба. Морам да потенцирам дека првиот пенал не смееше да се досуди, не постоеше прекршок за најстрога казна. Но, кога веќе се додели пенал, требаше и ние да добиеме по дуелот меѓу Меси и Мекени во шестнаесетникот“, истакна Куман.

Наводно, во текот на средбата Куман му дофрлил на судијата Стилер: „Имаш многу пријатели во Италија“, што само потврдува колку холандскиот стратег бил незадоволен од арбитражата.

- Оглас -

Најнови вести