Арда Ѓулер блесна, Турција го победи дебитантот Грузија на ЕП (Видео)

Репрезентацијата на Турција со 3-1 ја совлада Грузија во првиот меч од денешната програма на Европското првенство. Фудбалерот на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, на својот деби настап на европските првенства го постигна и деби погодокот и тоа не било каков, туку вистински еврогол за победа на Турција.

Клучниот момент на мечот се случи во 65-тата минута, кога 19-годишниот турчин со удар од далечина го совлада одличниот грузиски голман.

Во последните моменти од мечот кога Грузија погоди пречка и статива, Турција дојде до 3-1 во 97-мата минута, кога на Актуркоглу не му беше тешко да ја погоди празната мрежа од контранапад.

Грузија на својот прв, историски настап на Европското првенство не разочара, грузијците не беа инфериорни, имаа свои шанси, но не успеаја да дојдат барем до историски бод.

Турција во првото полувреме дојде во водство со голот на Мулдур во 25-тата минута, а само две минути подоцна му беше поништен гол на Јилдиз за 2-0 поради офсајд. Првиот гол на европските првенства за Грузија беше дело на Микаудатзе во 32-рата минута.

Головите од првото полувреме може да ги погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести