Ново шампионско издание на Реал Мадрид, по првото полувреме има предност од 4-1 на гостувањето кај Виљареал, а два од четирите гола ги постигна најмладиот играч во составот на Кралскиот клуб, Арда Ѓулер.
Арда на трети меч по ред дава гол, а денеска првпат успеа да погоди и двапати. Голот за 4-1 погледнете го ТУКА.
Според минутите кои ги има одиграно (328) и головите (6) кои ги постигнал, Ѓулер е убедливо најефикасен стрелец во шпанската Лига (Џуд Белингам во своите први 328 минути за Реал имаше дадено четири голови), и можеби се наметнува кај тренерот Карло Анчелоти за настап и во финалето на ЛШ против Борусија Дортмунд.
Ова е првпат после седум години, Реал на три меча по ред да даде четири или повеќе голови.