Турскиот репрезентативец, Арда Ѓулер, летото 2023-тата одина пристигна во Реал Мадрид како голем талент и од него се очекуваше многу, но не ја доби очекуваната минутажа. Кон крајот на минатата сезона го покажа својот раскошен талент, а истото го стори и летоска со настапите за репрезентацијата на Европското првенство.
Сепак, иако се очекуваше дека оваа сезона ќе има поголема минутажа, тој беше стартер на само три меча, а осумпати влегуваше во игра како резерва. Токму тоа е причината турчинот да побара да си замине од Реал Мадрид, но како позајмен.
Интерес за неговиот потпис има од два премиерлигаши, Арсенал и Ливерпул, кои би прифатиле да го ангажираат како позајмен уште во јануари, а Ѓулер нема ништо против да се пресели во Премиер лигата.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1849854685458354604?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1849854685458354604%7Ctwgr%5E3c409e5f803eb51f45a7638a9bcf39a92638aeec%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Freal-madrid-arda-guler-posudba-arsenal-liverpool%2F484787