Арда Ѓулер има „стаклени нозе“ или Реал игра матни игри?

Навивачите на Реал Мадрид се израдуваа кога Карло Анчелоти на денешната прес-конференција рече дека Арда Ѓулер ќе биде во составот на утрешниот меч со Лас Палмас, а само еден и пол час подоцна дојде студен туш и официјална информација дека Турчинот има мускулна повреда поради која ќе отсуствува околу три недели.

Ова предизвика многу реакции, од тоа дека Ѓулер е новиот Еден Азар бидејќи цело време е повреден, дека Барселона го проколнала бидејќи ја одбил за да оди во Реал, до тоа дека клубот ја „измислил“ повредата за да не игра Ѓулер за репрезентацијата во октомврискиот циклус.

Ѓулер нормално го одработел целиот тренинг со екипата, затоа е изненадување дека има повреда, дури ни Анчелоти не знаеше.

„Арда ќе биде на располагање за утре. Му треба минутажа и малку подобра кондиција, да се навикне на играта на тимот, но добар е. Има огромен талент“, рече „неинформираниот“ Анчелоти на пресот по тренингот.

Според шпанските медиуми, Ѓулер при крајот на тренингот се пожалил на болки, а снимките покажале повреда на мускул на левата нога. Младиот Турчин уште нема дебитирано за Реал, а за тоа ќе треба да почека најрано до средината на октомври, по репрезентативната пауза.

Добри вести за Кралскиот клуб се дека утре се враќаат Винисиус и Карвахал, кои не настапија во поразот од Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести