32.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Ардон Јашари потпиша за Милан и оствари рекорден трансфер од Белгија

Италијанскиот гигант Милан официјално го потврди ангажманот на швајцарскиот репрезентативец Ардон Јашари од редовите на белгискиот Kлуб Бриж. Интересно е дека тој има потекло од Куманово и има силни релации со Македонија.

23-годишниот играч за врска пристигнува на „Сан Сиро“ за вкупна сума од околу 39 милиони евра, што претставува рекорд во белгискиот фудбал во однос на продажба на играч. Трансферот дојде по неколку одбиени понуди од страна на Биж, пред клубовите конечно да се договорат.

Ардон Јашари потпиша петгодишен договор со Росонерите до 2030 година и ќе го носи дресот со број „30“. Тој е третото засилување за средниот ред на Милан летово, по доаѓањата на легендарниот Лука Модриќ и младиот Самуеле Ричи.

Минатата сезона, Јашари беше прогласен за најдобар играч во белгискиот шампионат. За Клуб Бриж одигра вкупно 52 натпревари, постигна четири гола и забележа шест асистенции. Има и четири настапи за сениорската репрезентација на Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести