17.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Арената мора да биде полна во вторник, за Кочани, за Македонија!

Одлуката на Фудбалската федерација на Македонија приходот од влезниците за натпреварот против Велс да биде дониран за повредените и семејствата на загинатите од пожарот во Кочани, треба да биде мотивација плус за љубителите на спортот да купат билет и да ја поддржат македонската репрезентација на средбата во вторник вечер на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

На фудбалерите ќе им треба силна поддршка од трибините на дуелот со опасниот Велс, а како што стојат работите, веројатно Арената ќе биде исполнета, и така треба да биде поради фудбалерите, хуманоста кон Кочани, љубовта кон Македонија.

Билети може да се купат на онлајн платформата eticket.ffm.mk, која е тројазична, на македонски, албански и англиски јазик.

Има информации дека досега се продадени околу 18.000 билети, што е повеќе од половина од капацитетот на стадионот.

- Оглас -

Најнови вести