Делува како да е нерешлив проблемот со тревата, Арената повторно се затвора

По вчерашните четвртфинални дуели во Купот на Македонија, фудбалските возбудувања кај нас ќе продолжат викендов. Планот беше сите мечеви од 21-вото коло да се играат в недела, но еден меч сепак ќе се одигра еден ден порано.

Вардар ќе биде домаќин на Беса на Арената „Тодор Проески“ во меч кој ќе се игра в сабота, затоа што веќе следниот ден најголемиот стадион во нашата земја ќе се затвори. Теренот на Арената повторно е во лоша состојба и во следниот период ќе мора да се направи напор тревата да биде на задоволително ниво за дуелот против Велс, кој ќе го играме на 25 март, во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Тревата на „Тодор Проески“ целосно беше променета пред помалку од една и пол година. Во ноември 2023 година беше ставена новата трева, а сега веќе е уништена и затоа стадионот повторно мора да биде затворен.

- Оглас -

Најнови вести