Арената се затвора до 25 март, Работнички – Вардар ќе се игра на комплексот на ФФМ

Задутре, 5 март, од 14 часот се игра целото вонредно коло од Првата македонска фудбалска лига, а еден од натпреварите е скопското дерби Работнички – Вардар, кое нема да може да се игра на националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Арената се затвора до настапот на репрезентацијата на 25 март против Велс, а во овој период од 20-тина дена Работнички и Вардар ќе мора да најдат алтернативен терен каде што ќе бидат домаќини.

Работнички одлучи в среда да го пречека Вардар на теренот на тренинг-комплексот „Петар Милошевски“ при ФФМ.

- Оглас -

Најнови вести