Арената во Скопје ќе добие модерен терен, Англија ќе ја пречекаме на „тепих“?!

Најголемиот стадион во Македонија, Арената „Тодор Проески“ во Скопје, наскоро би требало да добие нов терен со кој би се решил срамниот проблем со тревата поради што сме за потсмев во цела Европа.

Фудбалската федерација на Македонија презеде иницијатива со средства од УЕФА и ФИФА да подари нов терен за објектот кој е во надлежност на државна компанија и планира до натпреварот со Англија во ноември да биде поставен новиот терен од хибридна трева, каков што има и Националниот стадион во Малта и многу други, таков е случајот и со стадионот на Црвена ѕвезда во Белград, „Рајко Митиќ“.

Инаку, хибриден терен е комбинација од 70 отсто вештачка и 30 проценти природна трева.

- Оглас -

Најнови вести