Африканските фудбалери честопати се тема меѓу љубителите на најважната споредна работа во светот. Разни случки имало поврзани со играчи кои доаѓаат од Африка, а многу често главна тема биле годините на фудбалерите.
Последен во низата е Давид Бангул, чии фотографии станаа вирални на друштвените мрежи како „Твитер“. Овој фудбалер потпиша договор со тимот на Вакисо џајaнтс. Тоа е тим кој игра во Уганда, а на преставувањето Бангул е најавен како 26-годишен играч кој игра во средниот ред.
Кога ќе се види фотографијата на овој играч, малкумина веруваат дека е роден во 1998 година.
Él es David Bangoole, nuevo refuerzo del Wakiso Giants de Uganda.
El joven tiene 26 años y juega de mediocampista.
Un refuerzo para aportar toda su experiencia al plantel 💪 pic.twitter.com/xwgWq0x7b1
— TriunfoBet | Apuestas Deportivas (@Triunfobet1) September 25, 2024
„Велат дека овој човек има 26 години“, „Нова африканска фудбалска ѕвезда стана вирална откако изјави дека има само 26 години“, „Бангул направи забуна поради своите години и својот изглед“ се само дел од коментарите на „Твитер“.
🇺🇬 David Bangoole, el nuevo refuerzo del Wakiso Giants en Uganda.
🤔 De 26 añitos, llegó para aportar toda su experiencia al plantel. pic.twitter.com/tPbvoLInTG
— Raúl Orvañanos (@RaulOrvananos) September 21, 2024