Аргентина дојде да го освои Ла Паз по 15 години, пак им оди тешко во бастионот на Боливија (Видео)

Аргентинците во полн состав, со Лионел Меси како капитен, дојдоа во Ла Паз да го освојат бедемот на Боливија на 3.600 метри надморска висина, но повторно им оди тешко.

По првото полувреме на највисокото место во светот каде што се игра фудбал на ниво на репрезентации, гостите имаат само 1:1, иако се големи фаворити за победа против Боливија за првпат по 15 години.

Боливија поведе со голот на Морено во 26-тата минута, а Аргентина израмни на 1:1 со чудниот погодок на Лаутаро Мартинес во последните секунди од првиот дел.

Аргентина нема победа на гостување против Болвија од 2005 година, а има неколку тешки порази во Ла Паз. Гаучосите загубија со 2:0 на последното гостување во 2017 година, а пред 11 години си заминаа со катастрофален пораз од 6:1 од Ла Паз.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести