Аргентина две години не била во ваква позиција

Аргентина нема пораз уште од 2019 година, а точно две години не била во резултатска негатива и ова што им се случува денеска против Саудиска Арабија е нешто ново и необично за нив.

Шокот е голем затоа што Гаучосите водеа 1-0 на полувреме, а им беа поништени и уште три гола, па наместо убедливо водство, тие имаа црна дупка од 10 минути и губат во финишот.

Доколку Аргентина не загуби, ќе го изедначи светскиот рекорд на Италија од 36 меча по ред без пораз.

- Оглас -

Најнови вести