Аргентина е светски првак, но не е прва на ФИФА-листата, Македонија далеку зад најдобрите

Фудбалската репрезентација на Бразил останува на првото место на светската ФИФА ранг-листа според декемвриското рангирање. Тоа значи дека Бразил ќе ја заврши 2022 година на првото место, пред новиот светски првак Аргентина, која е втора, и финалистот од Мундијалот во Катар, селекцијата на Франција, која е на третата позиција.

Бразил остана прв на листата пред Аргентина само поради фактот дека финалето на Мундијалот беше решено на пенали и на тој начин сочува дел од бодовите за да остане пред Аргентина и Франција.

Македонската репрезентација не претрпе промени на декемвриското рангирање и остана на 65-тото место 1.355,28 бодови, а веднаш зад нас е соседот Албанија.

- Оглас -

Најнови вести