Аргентина и Холандија даваат мундијалски шарм на Квотите на денот

Денеска стартува нокаут-фазата на Светското првенство во Катар, ќе се играат два натпревари кои очекувано се де од денешните квоти на денот. Ако ги одиграте заедно сите пет натпревари, ќе добиете вкупен коефициент од 68.03.

Првиот меч од осминафиналето на СП во Катар е тој меѓу Холандија и САД. Лалињата кои беа први во својата група, ја имаат фаворитската улога и предлогот на Sport Life е да одиграте 1Х & 2-4, а квотата за оваа игра е 2.10.

Во вториот мундијалски натпревар, Аргентина е голем фаворит против Австралија и добивате квота од 2.40 ако одиграте „кец во кец“ и дека ќе има повеќе од три гола.

Во англиската чемпионшип дивизија се игра еден натпревар, меѓу Сандерленд и Милвол и тука најдобро е да одиграте на голови. За играта да има по најмалку еден гол и во првото и во второто полувреме, квотата е 1.90.

Во втората шпанска лига, Сарагоса е голем фаворит против Ибица и предлогот на Sport Life е да одиграте на победа на домаќинот во комбинација со голот. За играта 1 & Т1 2+, квотата изнесува 2.45.

Последниот предлог за денеска е од португалскиот Лига куп меѓу Каза Пиа и Брага.
Брага е фаворит на овој натпревар иако нема да настапи во комплетен состав поради настапот на неколку играчи на Мундијалот во Катар. Сепак, е поквалитетна од нисколигашот кој приреди мало изненадување во првото коло кога одигра нерешено против Пакос Фереира. Затоа играта Т2 2+ & ГГ со коефициент 2.90 е одлична.

- Оглас -

Најнови вести