Селекцијата на Аргентина е освојувач на новиот трофеј наречен Финалисима, откако на неутрален терен на „Вембли“ во Лондон, убедливо со 3:0 ја победи Италија. Ова беше дуел на шампионите од Јужна Америка и Европа, прв ваков меч по пауза од 29 години.
Во текот на целиот меч Гаучосите доминираа и на крајот заслужено се радуваа на победата и трофејот. Уште во првото полувреме Аргентина стигна до сигурна предност од 2:0 благодарение на головите на Лаутаро Мартинес и Анхел ди Марија. Тие погодоци може да ги погледнете ТУКА.
Во второто полувреме Аргентина продолжи да доминира, а дури во 94-тата минута постигна трет погодок. Дибала во игра влезе во 91-вата минута, а само три минути подоцна постигна погодок за крунисување на победата на шампионот на Јужна Америка.