Аргентина – Колумбија е дербито на денот на Копа Америка

Аргентина – Колумбија (00 часот – Копа Америка, прво коло)

Јужноамериканскиот шампионат ни поради големо дерби уште во првиот ден од 46-тото издание. Во Салвадор се среќаваат Аргентина и Колумбија, двете селекции кои се меѓу фаворитите за освојување на Копа Америка. На чело со Лео Меси, Аргентинците посакуваат успешен старт за да си го олеснат патот кон нокаут фазата, додека Фалкао и Хамес ќе бидат најголемата закана за Гаучосите.

Во последните 10 меѓусебни средби, Аргентина брои шест победи против Колумбијците, додека пак тие веќе 12 години не оствариле победа над Аргентина. Со оглед на тоа дека е прв натпревар, се очекува отворен фудбал кој ќе придонесе со голем број на погодоци.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.15)

Венецуела – Перу (21 часот  – Копа Америка, прво коло)

Венецуела и Перу се останатите противници на Бразил и Боливија во групата А, така што денес ќе се знае редоследот во таа група по првото коло. Бразил тргна очекувано со победа од 3-0, па на ред се Венецуела и Перу да го красат шампионатот со погодоци.

Во три од последните пет меѓусебни средби се издвојувале победници, додека во квалификациите за последниот Мундијал двата меча завршија со идентинчни резултати од 2-2. Сличен исход треба да се случи и вечерва, и Венецуела и Перу да постигнат барем по еден гол.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.90)

Холандија – Камерун (15 часот – Светско првенство жени, второ коло)

Холанѓанките целат на втора победа во групите за да си го осигураат учеството во нокаут фазата од женскиот Мундијал, а против Камерун се апсолутни фаворитки. Против Нов Зеланд не беа сигурни, но сега против полесниот противник на хартија се очекува нивна експлозија на терен.

Воедно ова ќе биде прва пресметка на овие две селекции, а Камерунките во мечот ќе влезат во лоша форма од три последователни порази, ако се сметаат и подготовките пред стартот на женскиот Мундијал.

Предлог тип: 1-1 3+ (2.07)

Канада – Нов Зеланд (21 часот – Светско првенство жени, второ коло)

Во ист ден се игра и вториот меч од групата Е, а Канада посакува нов триумф и заедно со Холандија да се бори за првото место. Нов Зеланд е селекција која не треба да се отпише, бидејќи претходно ги задржаа Лалињата на само еден гол, а денес се во потрага по изненадување.

Двете селекции се сретнаа и на претходниот Мундијал за жени, а тогаш мечот заврши без победник и без голови. Еден дуел пред тоа го доби Канада со 2-0, но тоа беше обична контролка. Според тоа, би требало да биде тврд меч и без многу погодоци.

Предлог тип: 1X & 0-2 (1.81)

Украина У20- Јужна Кореја У20 (18 часот – Светско првенство за играчи до 20 години, финале)

Речиси никој не очекуваше дека токму Украина и Јужна Кореја ќе бидат финалисти на овогодинешното Мундијалито. Украина со минимален триумф ја елиминираше Италија во полуфиналето, Јужна Кореја пак, беше подобра од Еквадор со идентични 1-0. Двете селекции ќе се борат за прва историска титула во ова натпреварување, додека Јужнокорејците се само втора азиска селекција која стигнала до финалето покрај Јапонија.

Двата финалисти претходно само еднаш ги одмериле силите. Тоа беше во март годинава, во меч од пријателски карактер победи Украина со минимални 1-0, што значи дека имаат победнички рецепт против противникот за титулата.

Предлог тип: 1X & 1-3 (1.92)

- Оглас -

Најнови вести