Поранешниот капитен на Барселона Андрес Иниеста, би можел да направи сензационален трансфер во редовите на аргентинскиот прволигаш Естудијантес. На каталонската икона му истекува договорот со јапонскиот Висел Кобе во јануари, а наместо да размислува за пензија, тој сака да се проба и на јужноамериканскиот континент.
Иниеста доби покана од тренерот Габриел Милито да го облече дресот на аргентинскиот прволигаш, додека би можел повторно да заигра со Хавиер Маскерано, со кого имаше долга и одлична соработка на „Камп ноу“.
Шпанските медиуми ивестуваат дека преговорите веќе се во тек, па доколку условите се прифатливи за Иниеста, врвниот играч за врска на 35 години ќе го привлече вниманието на себе со самото доаѓање во Аргентина.