11.8 C
Skopje
вторник, 7 октомври 2025

Аргентина одбраната на светската титула ќе ја почне без Отаменди

Дисциплинската комисија на ФИФА го суспендираше Николас Отаменди кој доби црвен картон на последниот квалификациски натпревар за Светското првенство во 2026 година против Еквадор.

Дефанзивецот на Бенфика доби директен црвен картон и иако избегна потешка казна, сè укажува дека нема да може да учествува на првиот натпревар на светскиот првак Аргентина на СП следната година.

Според член 10 од дисциплинските прописи на ФИФА, жолтите картони се поништуваат на крајот од квалификациите и не се пренесуваат, но директните црвени картони остануваат важечки, што бара играчот да ја отслужи суспензијата на првиот нареден официјален натпревар, а за Гаучосите тоа ќе биде дуелот од првото коло на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.

Во Аргентинската фудбалска асоцијација се надеваат дека ФИФА ќе ја поништи одлуката и се чека можна општа амнестија од ФИФА за играчите кои имаат минимални суспензии од еден меч.

- Оглас -

Најнови вести