23.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Аргентина плаче по веста која не сакаа никогаш да ја слушнат, Марадона беше насмеан на последната слика (Фото)

Информацијата дека му застанало срцето на Диего Марадона во неговиот дом во градот Тигре и дека подоцна тој починал во болница, ја зави во црно цела Аргентина. Марадона неодамна наполни 60 години, а потоа имаше операција на главата. Сепак, се чинеше дека состојбата му се подобрува, затоа и изненадувањето и шокот по веста се големи.

На една од неговите последни фотографии направени во болница по операцијата се гледаше дека Марадона е добро расположен и изгледаше прилично добро. Но, како што кажуваа неговите лекари, тој не бил дисциплиниран пациент и комбинациите од дрога и алкохол направија тој предвреме да го напушти светот.

- Оглас -

Најнови вести