Аргентина со 3:0 ја победи Венецуела во последнито домашен натпревар од квалификациите за Светското првенство во Катар.
Овој меч немаше никакво резултатско значење за актуелниот првак на Јужна Америка, но кога се игра на легендарниот стадион „Бомбоњера“, атмосферата секогаш понесува да дадеш многу повеќе од тоа што треба.
Николас Гонзалес погоди во 34-та минута, по асистенција на Родриго де Пол, а истиот играч му ја додаде топката и на Анхел ди Марија кој стрелаше во 79-та минута. Конечниот резултат за ерупција на фановите го постигна Лионел Меси во 82-та минута.
Аргентина од поодамна го има озбезбедено учеството на СП во Катар бидејќи има 38 бода и е сигурна на второто место зад Бразил кој што има 42, на уште едно коло до крајот.
Lionel Messi’s goal for Argentina and La Bombonera erupts. What a moment for us fans. Classic performance by him after so long.
Especially look at how happy Leo is 💙🥺
pic.twitter.com/LT3InlZThy— Sohom (@AwaaraHoon) March 26, 2022