Аргентина подобра од Португалија во дербито на Мундијалито

Аргентина го доби дербито на денот на младинското светско првенство за играчи до 20 години против Португалија со 2:0 и се наоѓа на чекор до пласман во следната фаза.

Адолфо Гаих со вториот гол на шампионатот им донесе предност на „гаучосите“ во 33. минута, а победата ја потврди играчот на Атлетико Мадрид Перес со погодок во 84. минута.

Аргентина во првото коло ја декласира Јужна Африка со 5:2 и со максимални шест бода е на врвот на табелата во Ф групата.

Португалија е на второто место со една победа и пораз, но ќе им треба триумф во последното коло по групи за да бидат сигурн и за пат во следната фаза.

Во вториот меч од 18 часот Франција очекувано ја победи Панама со 2:0.

- Оглас -

Најнови вести