Аргентина предводена од Меси го победи бледиот Уругвај, Кавани и Суарес не шутнаа (Видео)

Аргентина го доби големото дерби на Копа Америка против Уругвај со 1-0, со гол со глава на играчот на Бетис, Гвидо Родригес, по нафрлување од Лионел Меси. Уругвајците уште од 1989 година не знаат за победа над Гаучосите на Копа Америка.

Уругвајците на четврти меч по ред не постигнуваат гол и тоа е изедначување на нивната најлоша серија во 119-годишната историја. Против Аргентина не упатија ниту еден шут кон голот, иако имаат напаѓачи како Единсон Кавани и Луис Суарес. Тие се заканија само еднаш кога врз Кавани беше направен фаул за пенал, но судијата не покажа на белата точка.

Погледнете го голот на Аргентинците со кој си го отворија патот до четвртфиналето:

- Оглас -

Најнови вести