Аргентина со гол во 90+16 минута се спаси од пораз, Шпанија едвај победи (Видео)

Почетокот на фудбалскиот олимписки турнир не беше според очекувањата на фаворитите. Аргентина може да е среќна што не загуби од Мароко и одигра 2:2, иако Гаучосите важат за фаворити дури и за освојување на медал.

Мароко одигра одличен меч, а голот за водство од 1:0 беше посебно добар. Откако доби асистенција со петица, ѕвездата на ПСЖ, Хакими додаде, а Рахими погоди за 1:0. Овој гол може да го видите ТУКА.

На почетокот од второто полувреме беше досуден пенал за Мароко, а Рахими повторно погоди за 2:0 и тој голо може да го видите ТУКА.

Аргентинците намалија на 1:2 со голот на Џулијано Симеоне во 68 минута, а од пораз се спасија, буквално во последните секунди од мечот кога во 16 минута од судиското надополнување Медина погоди за 2:2.

https://twitter.com/i/status/1816128272306229273

Шпанија беше апсолутен фаворит против Узбекистан, но Црвената фурија до последниот момент не беше сигурна дека ќе победи, а на крајот средбата заврши 2:1. Пабиљ погоди за 1:0 за Шпанија, а Шомуродов од пенал во 45+3 минута израмни на 1:1.

Во 59 минута беше досуден пенал за Шпанија, а Серхио Гомес промаши. Сепак, три минути подоцна, истиот играч даде гол за 2:1 за европскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести