Олимписката фудбалска репрезентација на Аргентина би можела засилена со Лионел Меси да настапи на олимпискиот турнир во Париз летово.
Селекторот на олимписката репрезентација на Гаучосите, Хавиер Маскерано, кој играше со Меси и во Барселона и во националниот тим, е близок со Лео и рече дека чувствува обврска да го повика да игра во Париз.
Освен Меси, покана ќе добие и Анхел ди Марија, кој летоска се повлече од репрезентацијата. На фудбалскиот турнир на Олимписките игри настапуваат играчи со 23 години, плус тројца постари. Еден од тројцата повозрасни од 23 години кај Аргентина може да биде Меси.
На олимписките игри во фудбал ќе играат Франција, САД, Доминиканска Република, Шпанија, Израел, Украина, Мароко, Египет, Мали, Нов Зеланд, Аргентина и Парагвај.