Аргентина убедлива на генералката пред Копа Америка, Меси и Лаутаро доминираа (Видео)

Репрезентацијата на Аргентина предводена од Лионел Меси дојде до убедлива победа од 4-1 над Гватемала во генералката пред настапот на Копа Америка. Лионел Меси со два гола и една асистенција беше предводник на светскиот шампион, а останатите два гола беа дело на Лаутаро Мартинес, првиот од пенал, додека вториот на асистенција на Меси.

Сепак, мечот беше отворен со автогол на Лисандро Мартинес за водство на Гватемала, а потоа следуваше пресвртот и убедливата победа на аргентинците. Копа Америка започнува ноќта помеѓу 20-ти и 21-ви јуни со меч на кој ќе настапи токму Аргентина против Канада. Останатите две екипи во групата „А“ се Перу и Чиле.

- Оглас -

Најнови вести