Аргентина во Катар ќе го руши светскиот рекорд на Италија, Меси брка два рекорди на Марадона

Аргентина убедливо со 5:0 славеше над Обединети Арапски Емирати и на тој начин продолжи одличната низа на Гаучосите кои дури 36 натпревари немаа пораз. Со оваа низа, Аргентинците покажуваат дека се меѓу фаворитите за освојување на мундијалскиот трофеј.

Доколку Аргентина успее во првите две кола од групната фаза на СП во Катар да остане непоразена, тогаш ќе го сруши светскиот рекорд на Италија, селекција која била непоразена 37 дуели. Гаучосите во првите две кола ќе играат против Саудиска Арабија и против Мексико.

Освен рекордот на Италија, на првенството во Катар, капитенот на Аргентина, Лионел Меси, може да постави две најдобри постигнувања на репрезентативно ниво. Меси има 19 настапи на Светските првенства и уште во групната фаза може да го надмине рекордот на Диего Армандо Марадона, кој имал 31 меч на Мундијалите. Легендарниот Марадона е рекордер и по бројот на асистенции за Аргентина и има осум. Меси има пет асистенции и му фалат четири додавања за гол за да го надмине Диего Армандо.

- Оглас -

Најнови вести