Аргентина заработи четири пати повеќе од селекциите кои не ја поминаа групата на СП

Светската фудбалска федерација ФИФА подготви огромен финансиски бонус за сите репрезентации кои беа дел од Мундијалот во Катар. Вкупно 440 милиони долари ќе распределат 32-те селекции кои беа дел од планетарниот собир.

Очекувано, најмногу пари ќе заработи светскиот првак Аргентина, во чија каса ќе се слеат 42 милиони долари за освојување на шампионскиот пехар. Вицепрвакот Франција ќе добие 30 милиони долари, додека за бронзените Хрвати се издвоени 27 милиони евра. Мароко, кој испиша историја, стана првата африканска репрезентација која во полуфинале ќе заработи 25 милиони долари.

Селекции кои беа елиминирани во четвртфиналето (Бразил, Холандија, Португалија и Англија) ќе добијат 17 милиони долари, додека за тие кои ја поминаа групата, а загубија во осминафиналето ќе следуваат по 14 милиони долари (САД, Австралија, Полска, Сенегал, Јапонија, Јужна Кореја, Шпанија и Швајцарија).

Со самото учество на Светското првенство репрезентациите кои испаднаа по групната фаза заработија по девет милиони долари, а тоа се: Еквадор, Катар, Иран, Велс, Мексико, Саудиска Арабија, Тунис, Данска, Германија, Костарика, Белгија, Канада, Камерун, Србија, Уругвај и Гана.

- Оглас -

Најнови вести