21.8 C
Skopje
четврток, 24 јули 2025

Аргентинец од Атлетико Мадрид ќе му се приклучи на Меси во Интер Мајами

Аргентинскиот репрезентативец, Родриго де Пол, кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами откако екипата од МЛС-лигата и Атлетико Мадрид веќе имаат начелен договор за неговиот трансфер.

Интер Мајами ќе плати 15 милиони евра, а Де Пол ќе потпише четиригодишен договор со екипата за која настапува неговиот капитен од репрезентацијата, Лионел Меси, кој воедно е и негов добар пријател.

Вредноста на Аргентинецот во моментов изнесува 25 милиони евра, но договорот му истекува следното лето, па Атлетико Мадрид беше принуден да го продаде, со цел да не остане со празни раце за една година. Де Пол во таборот на Jорганџиите пристигна пред четири години од Удинезе за сума од 35 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести