Аргентинец потпиша за ФК Вардар

Диего Факундо Кастањеда (27), аргентински офанзивен фудбалер од средниот ред, е нов член на ФК Вардар.

Кастањеда минатата сезона ја мина во Црна Гора, во дресот на Петровац. Во своите настапи во Црна Гора имаше 7 гола и 5 асистенции, а на пет натпревари беше „меч винер” за својот тим.

Брзината, добрата техника, прецизните додавања и борбениот темперамент го прават вреден играч во офанзивниот среден ред и тој е вистински претставник на аргентинската фудбалска школа.

Кастањеда претходно играл за тимот на Бока јуниорс за играчи до 20 години, а подоцна настапувал и за Б тимот на Бока. Петровац му беше прво европско искуство, Вардар му е чекор напред во кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести