Аргентинец во 2016 го освои првиот АТП поени и си постави цел да го стигне Ѓоковиќ, на половина пат е!

Аргентинскиот тенисер Томас Ечевери, на денеска објавената АТП ранг листа на најдобри светски тенисери, се наоѓа на 61-вото место со 822 поени, и за 23-годишникот тоа е напредок за 15 места во однос на минатата недела.

Ечевери во 2016 година го освои својот прв поен, и тогаш објави фотографија на која пишуваше: „Ѓоковиќ 12.900 поени, Ечевери 1 поен, ми фалат 12.899“.

Во април 2022, Ечевери првпат се проби меѓу 100-те најдобри на светот, и се пофали дека е на „само“ 7.706 поени од Ѓоковиќ.

Денеска Новак Ѓоковиќ има 7.160, а Ечевери 822 поени, и разликата е 6.338. Разликата уште е огромна, но речиси преполовена од таа што беше пред седум години кога Ечевери се пробиваше во тенисот. Ако продолжи вака, можеби еден ден навистина ќе го стигне Новак кој е негов идол и инспирација.

- Оглас -

Најнови вести