Аргентинецот е фудбалски Бог: Меси прогласен за најдобар фудбалер според ФИФА во 2023 година!

Лионел Меси е избран за најдобар фудбалер во светот за 2023 година, во изборот на Светската фудбалска федерација ФИФА. Аргентинецот ја доби наградата „Најдобриот“ за тоа што го постигна во минатата година.

За Меси ова е трето вакви признание и е прв фудбалер со „хет-трик“ во овој избор, повторувајќи го успехот од 2022 година и 2019 година. Освен Меси, ова признание два пати го имаат освојувано Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски, а еднаш најдобар бил Лука Модриќ.

Меси не присуствуваше на церемонијата, каде ги немаше и останатите двајца кои беа во најтесен список на номинираните, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Во овој избор беше избран и најдобриот гол за 2023 година постигнат со „ножички“ од 25 метри.

Пеп Гвардиола е најдобриот тренер, а во најдобриот тим за минатата година има дури шест фудбалери од Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести