Аргентинскиот интернациоланец Диего Кастањеда го продолжи договорот со Вардар и ќе остане во Скопје најмалку до летото 2028 година. Дваесет и седумгодишното лево крило пристигна во редовите на актуелниот освојувач на Купот на Македонија летоска од црногорскиот ОФК Петровац и првично потпиша договор само за оваа сезона.
Сепак, се чини дека ги задоволи вкусовите на луѓето задолжени за спортскиот дел во Вардар, па неговиот договор е продолжен за нови две сезони.
„Извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски, ја информира заинтересираната јавност дека нашиот аргентински интернационалец Диего Кастенада ја продолжи верноста кон Вардар за уште две сезони. Неговиот договор ќе биде со важност до јуни 2028 година“, се вели во клупското соопштение на Вардар.
Кастањеда за Вардар оваа сезона настапи на 13 натпревари со ефект од два гола и три асистенции.

