26.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Аргентинецот кој блескаше на Мундијалот постигна спектакуларен гол (Видео)

Алексис Мекалистер беше еден од фудбалерите во аргентинската репрезентација кои одиграа на врвно ниво и секако има голема заслуга во освојувањето на пехарот на Светското првенство во Катар. Мекалистер и пред Мундијалот играше одлично во дресот на Брајтон, а кога се врати во англискиот тим доби и спектакуларен дочек. 

Брајтон денеска играше во ФА Купот и без проблеми со убедливи 5:1 го елиминираше Мидлсбро. Од сите шест погодоци кои беа постигнати, најатрактивен беше тој во 58 минута на Мекалистер, кога Аргентинецот на атрактивен начин со „штикла“ успеа да го смени правецот на топката и да ја смести во противничката мрежа.

Според англиските медиуми, за Мекалистер интерес покажуваат Челзи и Јувентус, а моменталната цена за трансфер на овој играч на Брајтон се проценува на 50 милиони фунти.

https://twitter.com/i/status/1611773867382706177

- Оглас -

Најнови вести